Јавен повик за пријавување на локации поволни за инвестирање
Општина Охрид во својот делокруг на работа а во врска со спроведување на Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2018 година под точка 2.4. Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“ како и ажурирање на податоци во ВЕБ ГИС платформа која е изработена во соработка со Центарот за Развој на Југозападен Плански Регион.
Оваа брошура како и ВЕБ ГИС платформата имаат за цел да им овозможат на граѓаните, приватните компании и на самата општина да ги презентираат капацитетите на овој регион кои се погодни за инвестиции од странски и домашни инвеститори заинтересирани за инвестирање во економски гранки кои се застапени или треба да се застапени во економскиот развој на градот.
Локациите кои се пријавуваат можат да бидат “Greenfield” и “Brownfield” што значи дека локациите може да бидат веќе постоечки капациети и градби или можат да бидат неизградена површина поволнна за отпочнување на градба или развивање на бизнис.
Целта на пријавувањето може да биде продажба или изнајмување на локацијата на одредено време. Можат да се пријавуваат лица и компании кои имаат сопственост на истата и може да бидат во градска или рурална област.
За да може да се изврши пријавување на локација сопственикот треба да ги исполнува следните услови:
Да има целосна сопственост на парцелата која се пријавува
Да поседува имотен лист не постар од две недели од датумот на пријавување
Да поседува детален урбанистички план
Горенаведените документи да ги приложи во копија заедно со копија од лична карта
Доколку се работи за празна парцела, истата не смее да биде помала од 2000 m2
За изградени објекти со економска намена објектот треба да има подлога од минимум 500 m2
За локации со намена туризам може да се пријават и градби со минимум подлога од 200 m2 доколку има површина за дополнителна изградба и дворно место.
Горенаведените услови се обврзителни за успешно пријавување на локација.
Пријавувањето на локација треба да се изврши преку образец за пријавување кој може да се спушти од веб страницата на општина Охрид и истиот треба да се поднесе во плик преку општинската архива на адреса:
Ул. Димитар Влахов бр.57, 6000 Охрид
Со назнака Апликација за „Инвестирајте во Охрид“.