Јавен повик за пројавување интерес за користење на недвижен имот – туристички инфо Центар
Согласно Одлуката за давање на користење недвижен имот Бр. 08-10563/48 од 27.07.2018 и Заклучок за прогласување на Одлуката за давање на користење недвижен имот бр. 09-10563/117 од 27.07.2018 објавени во Службен гласник на Општина Охрид бр. 8 од 30.07.2018 год, на 15.08.2018, Општина Охрид објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување на интерес за користење на недвижен имот –
Туристички Инфо Центар
Предмет на јавниот повик:
1.1. Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес за користење без надоместок на недвижен имот – урбана опрема културно – информативен киоск туристички инфо центар лоциран на КП. Бр.15392 КО Охрид 3, со вкупна површина од 5,33 м2 поставен согласно одобрението бр. 19-612 од 05.05.2016 год., со намена за користење на објектот во насока на обезбедување информации за опслужување на туризмот и посетителите на Охрид со времетраење од 1 година. Користењето на Инфо центарот да биде исклучиво некомерцијално (без остварување на профит) , а со цел промоција на туристичките вредности и производи на Охрид, давање информации од областа на туризмот, културата, спортот и слично. Да вршат информирање за различни настани и манифестации, да дистрибуираат промотивен материјал за туристички содржини и сл.
Во никој случај не е дозволено: продавање на добра и услуги, дирекно посредување при продажба на добра и услуги и било какви други активности кои во објектот би генерирале профит.
1.2. Корисници на туристичкиот инфо центар можат да бидат невладини организации, здруженија на граѓани и други непрофитабилни правни лица. Во случај на исполнување на условите од повеќе корисници, истиот ќе им се додели рамноправно во одредени временски интервали.
1.3. Поддршката што Општина Охрид ја нуди при користењето на туристичкиот инфо центар е ослободување од плаќање надоместок за користење на просторот (закупнина).
Право на учество – подобност на кандидати:
Право на учество на јвниот повик имаат сите заинтересирани невладини организации, здруженија на граѓани и други непрофитабилни правни лица со седиште во општина Охрид како матична општина, регистрирани во областа на туризмот во насока на обезбедување информации за опслужување на туризмот и посетителите на Охрид, со поднесување на Пријава која ги содржи следните податоци:
Да достават доказ дека се регистрирани (тековна состојба од Централен регистар на РМ);
Да имаат Годишна програма за работа од која можат да се видат нивните активности;
Доколку пријавените се стекнат со право на користење на недвижниот имот потребно е да ги имаат во предвид следните обврски/ должности:
Да го прифатат планот за распоред на користењето на просторот
Да се однесуваат кон просторот како добри домаќини (да го чуваат инвентарот,тековно да ја одржуваат хигената)
Да го користат просторот за активностите наведени во јавниот повик
Редовно да ги подмируваат сметките за комунални трошоци (струја, вода и др.)
Заинтересираните мора да ги поднесат своите предлози користејќи го формуларот за пријавување којшто е достапен на http://www.ohrid.gov.mk
Комплетната документација треба да ги содржи следниве документи:
– Пополнет Формулар – Пријава – кој е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk;
– Копија од тековна состојба на правниот субјект од Централниот регистар на Р. Македонија и
– Годишна програма за работа
Проектната документација треба да биде доставена во еден (1) примерок во оригинал и две (2) копии.
Крајниот рок за прием на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
Во случај на исполнување на условите од повеќе корисници (здруженија), Општина Охрид ќе склучи договор со истите, и ќе им се додели на користење рамноправно во одредени временски интервали.
Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на крајниот рок ќе бидат автоматски одбиени.
Целосната документација да се достави на следната адреса:
ОПШТИНА ОХРИД
Сектор за туризам и ЛЕР
ул. Димитар Влахов бр.57
6000 Охрид
со назнака:
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување на интерес за користење на недвижен имот – Туристички Инфо Центар
Подетални информации на контакт тел. 046 262 492/493 лок.114 или на контакт е-маил адреса: info@ohridler.gov.mk