23/11/2024
Охрид

Јавен повик за распределување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација за 2022

Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2022 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа  на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот. Спортот и неговата врска со образованието, здравството, социјалата, економијата, туризмот, животната средина, промоцијата и афирмацијата на градот ни дава за право, но и обврска да направиме максимум напори за да се поддржи и помогне целокупниот негов развој. Придобивките и ефектите на спортот врз секоја индивидуа  и целиот град се основа за нашата максимална посветеност во унапредувањето на нашиот јавен и општествен интерес на градот.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОГРАМИ ОД СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ, СПОРТИСТИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД (word doc.)


WebOhrid / 10.01.2022 / Општина Охрид