30/11/2024
Охрид

Јавна презентација и јавна расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за урбанистички план вон населено место – Горица Север

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05,24/07, 159/08,83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 и 99/18) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид

О Р Г А Н И З И Р А       

  1. Повторна Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица Север, општина  Охрид. Се информира јавноста дека повторно ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица Север,  општина  Охрид   
  2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 7.30 – 15.30 часот    почнувајќи  од   20.08.2021год. до  18.09.2021год. како и на web страната на општина Охрид , www.ohrid.gov.mk 
  3. Повторната  Јавна презентација и јавна расправа  ќе се одржи на ден 10.09.2021  год. во големата сала на општина Охрид,  со почеток  во  13 часот, со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19, како и задолжителна потврда за извршена имунизација со најмалку прва доза или потврда дека лицето било заболено од Ковид во последните 45 дена.
  4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил : zivotna sredina@ohrid.gov.mk, или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО – ГОРИЦА СЕВЕР