26/11/2024
Македонија

Јавна презентација на нацрт – стратегијата за културен развој и нацрт – акцискиот план утре во МСУ

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека утре (среда, 27 декември 2017) во Музејот на современа уметност во Скопје, со почеток во 11 часот ќе се одржи јавна презентација на нацрт – стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018 – 2022 година и на нацрт – акцискиот план за 2018 година…

На презентацијата ќе се обрати министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, а ќе говорат и претставници на партнерските организации ФООМ и УСАИД – Проект за граѓанско учество, кои го поддржаа процесот на подготовка на стратегијата и организирањето на јавните расправи низ цела Македонија.

Потоа, за резултатите и предлозите што произлегоа од јавните расправи ќе говорат претставници на граѓанските организации ЈАДРО и КУЛТ-Транзен, коишто ги организираа овие средби и придонесоа за консолидирање на предложените стратешки документи.  Посебниот советник за култура, Златко Теодосиевски ќе ги претстави клучните поенти од нацрт – стратегијата за развој на културата 2018-2022 и нацрт-акцискиот план за 2018-та година, по што ќе следува дискусија со присутните.   

Агендата за утрешната јавна презентација може да се пронајде и сочува на следниот линк:
Агенда на јавната презентација на нацрт – стратегијата за културен развој и нацрт – акцискиот план

Последниот текст на нацрт – стратегијата за развој на културата 2018-2022 може да се пронајде и сочува на следниот линк:
http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3372——2018-2022—–

Последниот текст на нацрт – акцискиот план за развој на културата за 2018 година може да се пронајде и сочува на следниот линк:
http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3381–a-2018-