Jавна расправа по предлог – стратегијата во културата 2018-2022 во Охрид
Утре во Охрид (23 ноември, четврток), во хотел Нова Ривиера од 12 часот ќе се одржи една од јавните расправи што во неколку градови во Македонија се организираат за нацрт-стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018-2022 година. Јавната дебата е во организација на граѓанското здружение Јадро и Министерството за култура на Република Македонија, со поддршка од Фондацијата Отворено општество -Македонија…
Целта на овие дебати што се реализираат со локална поддршка од граѓанскиот сектор и од локалната самоуправа е децентрализација на расправата за стратегијата во културата за наредниот 5 годишен период, со што во дебатата се вклучуваат сите чинители во културата, од независната сцена и од институциите.
На дебатите учествуваат претставници од партнерската организација Јадро, претставници на локалната самоуправа и националните установи на културата, локалните партнери и граѓанскиот сектор, претставници на Работната група за стратегијата и на Советот за култура, како и независни уметници и културни работници.
Министерството за култура, дебатите низ градовите за нацрт-стратегијата, освен со „Јадро“, ги спроведува и со граѓанското здружение Култ-Транзен, кое е поддржано од УСАИД – Проектот за граѓанско учество.
Интензивната јавна расправа со сите засегнати страни ќе се одвива до конечното усвојување на стратегијата на крајот од оваа година.