Јавна расправа за физибилити студија за развој на Касарна Охрид во технолошко – рекреативна зона
Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР, во рамки на Проектот OHRID GO, организира Јавна Расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко – Рекреативна Зона“. Расправата ќе се одржи на ден 15.12.2023 година во 12:00ч, во Големата Сала на општина Охрид. Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на Драфт Верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии и сл. Драфт Финалната верзија на Физибилити Студијата може да ја преземете во електронска верзија на следниот линк.
WebOhrid / 12.12.2023 / Општина Охрид