Јавна расправа за предложените измени и дополнувања на законите за туристичка и угостителска дејност
Секторот за туризам и локален економски развој, на 06.03. 2018 година (вторник), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 11 часот, организира јавна расправа со претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници.Тема на јавната расправа се предложените измени и дополнување на законите за туристичка дејност, за угостителска дејност и за такса за привремен престој, како и за мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор.
За истите теми ќе се разговара и со физичките лица кои вршат угостителска дејност-приватно сместување, на јавната расправа што ќе се одржи на 06.03.2018 година (вторник), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12 часот и 30 минути.
На јавните расправи ќе присуствуваат и претставници на Министерството за економија и Стопанската комора.