23/11/2024
Охрид

Јавна расправа за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата

Денес во големата сала на Општина Охрид во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, се одржа јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на „Охридското езеро“ за заштитено подрачје во категорија III – Споменик на природата.

За претставниците на  Министерството и другите државни институции, донесувањето на законот ќе се овозможи зачувување на природната состојба на езерото преку заштита на природните, културните и други вредности како единствена природен феномен во светот. Со законот ќе се создадат поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, како и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

Претставници на повеќе граѓански здруженија беа против одредени законски одредби, посебно против решението за формирање на јавно претпријатие кое ќе управува со Охридското езеро.

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески истакна дека „ Само преку јасна дефинирана Стратегија, координирани активности, меѓуопштинска и меѓугранична соработка можеме да обезбедиме заштита и одржлив туристички развој на крајбрежјето на Охридско езеро. Затоа е потребно сите општини од брегот на езерото подеднакво да се вложат и да преземат конкретни чекори кои ќе бидат од полза на целокупниот процес за зачувување на природното наследство. Верувам дека на некоја друга ваква средба ќе можеме да се пофалиме со низа нови мерки, решени проблеми и новини во делот на управување со животната средина и крајбрежјето“.

Јавната расправа продолжува утре во Општина Струга со почеток во 10 часот.

Ohridsko_Ezero_nacrt_zakon_14092023007Ohridsko_Ezero_nacrt_zakon_14092023006Ohridsko_Ezero_nacrt_zakon_14092023005


WebOhrid / 14.09.2023 / Општина Охрид