Јавна расправа за унапредување на правата на заедниците
Во организација на охридското здружение за мултикултурна интеграција „Инклузија“ и Агенцијата за остварување на правата на заедниците од Скопје, денеска во големата сала на општина Охрид се одржа јавна дебата за унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу заедниците во локалните самоуправи.
На јавната дебата воведни излагања имаа Илхан Рахман, директор на Агенцијата за правата на задниците кои се под 20 отсто од населението, Сретен Коцески, извршен директор на Институтот за развој на заедниците и проф. д-р Рубин Земон од Универзитетот „ Евро-Балкан“ .Во расправата посебно место имаа прашањата за унапредувањето на правата на етничките заедници во Охрид.