Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2019 година се става во мирување
Се известуваат сите апликанти кои аплицирале на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од Јавен интерес на општина Охрид за 2019 година, дека в.д. градоначалникот, Константин Георгиевски согласно законската регулатива и член 8- А од изборниот законик, донесе одлука со која постапката по однос на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2019 година се става во мирување.
Постапката ќе продолжи по завршување на изборите за избор на претседател на државата и изборите за градоначалник на општина Охрид.