Јордан Пуроски е нов директор на ООУ „Климент Охридски“
Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за вршител на должоста директор на ООУ „Климент Охридски“ е именуван Јордан Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска.
Пуроски е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика.
Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба. Пуроски беше директор на гореспоменатата образовна институција во периодот од 2013 до 2017 година.
WebOhrid / 02.02.2022 / Општина Охрид