„Јованче и Марика“-премиера на Кумановскиот театар
Утре (03.03.2018 г.), во 18 часот во Кумановскиот театар премиерно ќе биде одиграна детската претстава „Јованче и Марика“ во режија на Бојана Краљевска …
Станува збор за претстава работена по текстот од истоимената бајка на браќата Грим во која повторно се преиспитуваат борбата меѓу доброто и лошото, злобата и милоста, богатството и немаштијата, среќата и несреќата. Сопретставата во која играат Александра Михајловска, Никица јанковски, Дубравка Киселички, Владо Дојчиновски, Вера Ристовска, Сања Русеска и Матеј Стојковски, низ играта, музиката, костимите, сценографијата, а најмногу фантазијата на најмалата публика ќе се придонесе за комплетно уживање.
Ансанблот на Кумановскиот театар со оваа претстава настојува да ја оживее и одржи детската сцена која беше возобновена со претставите „Пинокио“ и „Волшебникот од ОЗ“.