23/11/2024
Охрид

Јованоски: Да избереме совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси

СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ денес одржа прес-конференција на која се обрати носителот на советничката листа, Науме Јованоски – Чакар.

„Советот во една општина е највисокото тело каде се донесуваат најважните одлуки за градот. Вистинските одлуки значат просперитет, а погрешните уназадување. Во минатото сведоци сме на изгласани точки кои биле од корист само на поединци. Затоа сега да избереме совет кој ќе ги става интересите на градот над сите други интереси. Гласот за најдобриот градоначалник мора да оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа.

Не давајте глас за советници кои се подготвени да блокираат. Не им дозволувајте за пуста партиска превласт да го кочат развојот на градот.

Затоа, колку помалку советници добијат останатите советнички листи, толку повеќе ќе имаме совет растеретен од секакви притисоци.

Да не им дозволиме да блокираат изградба на градинки, школи, улици, стопирање на бесправната урбанизација, запирање на процесот за враќање на плажите на граѓаните.

Гласајте за советници кои ќе бидат одговорни кон својот град, кои ќе иницираат, а нема да блокираат соработка со градоначалникот и со централната власт.

Гласајте за Градоначалникот Константин Георгиески и советничката листа на СДСМ и коалицијата Најдоброто за вашата општина.

На 17ти октомври да заокружиме 12 и да покажиме колку го сакаме нашиот град и неговиот просперитет.“ – истакна Јованоски.