ЈП „Билјанини Извори“ ги повлекува вработените од паркинзите
ЈП „Билјанини Извори“ следејќи ја ситуацијата поврзана со корона вирусот, а во насока на заштита на здравјето на вработените на градскиот паркинг донесе одлука од денес до 24 март да ги повлечи сите вработени на паркинзите од своите работни места. Имено, станува збор за работни места кои се директно изложени на комуникација со голем број на граѓани така што оваа одлука се носи како превенција во насока на заштитата на здравјето на вработените а со тоа и на пошироката јавност.
Сите дополнителни информации или барања во делот на јавниот градски паркинг сите заинтересирани граѓани, институции и компании можат да го направат на нашиот официјален e-mail : biljaniniizvori@gmail.com или на следниот телефонски број 078/298-359.