ЈП „Билјанини Извори“ со отчет за сработеното
Денес во Општина Охрид директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска даде отчет пред јавноста по повод едногодишното работење на новото раководство на ЈП „Билјанини Извори“.
Во прилог го пренесуваме целиот отчет:
ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ – ОТЧЕТ ЗА ПЕРИОД 01.11.2017 ДО 01.11.2018
Од пред една година кога на чело на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ дојде кадар од СДСМ односно на директорската функција од страна на градоначалникот д-р Јован Стојаноски најпрво за вршител на должноста директор, а подоцна и преку јавен конкурс ја именува за директор, м-р Гордана Јованоска пред себе и својот тим си постави три задачи:
-Намалување на трошоците
-Зголемување на приходите
-Подобрување на вкупната инфраструктура – посебно на спортските терени
Ваквиот начин на работа вроди со плод. Приходите по сите основи се зголемени за повеќе од 100%
Од 1 ноември 2017 до 1 ноември 2018 ЈП има приход по сите основи од 32 008 718,00 денари
Во овој период исплатена е и едната плата која јавното претпријатие им ја должеше на вработените – 1 640 000,00
Вратени се стари долгови во износ од 7 540 652,00 кои се неплатени фактури на разни доверители и добавувачи.
На Управниот и Надзорниот одбор во теко на оваа година континуирано им се исплаќаат паушалите што досега не било случај во ниедно раководство во претпријатието. Паралено и постепено се сервисраат и заостанатите паушали од кои некои имаат и судски епилог.
ЈП „Билјанини Извори“ за период од една година ги има постигнато следниве резултати:
Инвестиции во ЈП „Билјанини Извори“ кои се веќе завршени
На градските паркинзи воведен е нов систем на наплата (зонско паркирање и наплата со SMS и гребни карти) за тоа се инвестирани сопствени средства во висина од 400 000,00 ден
Реновирани се три соблекувални на Градскиот стадион – Спонзорство во висина од 70 000 ден.
-Поставени се 1700 нови столчиња на трибините на градскиот стадион донација од ФФМ
Поставена е нова пумпна станица за наводнување на стадионите 980 000,00 ден (спонзорирана од локалната самоуправа)
Со поставување на нова моќна пумпа во пумпната станица се оспособи да работи системот за наводнување на фудбалскиот терен со вештачка трева што досега не беше во можност да се прави.
-На теренот со вештачка трева проширени и покриени се трибините со вкупен број на гледачи кој изнесува 180 како и
-поставување на бекатон плочки како подлога на истата површина спонзорирано од локалната самоуправа.
– Донесена е вода и поставена е чешма до игралиштето со вештачка трева потпомогнато од МЈП Проаква.
Поставена е заштитна ограда на двете фудбалски игралишта во должина од 800м во износ од 140 000,00 денари – сопствена инвестиција.
Треба да се спомне дека оградата на Градскиот стадион не беше сменета од пред 40 години.
-Реконструкцијата на паркетот во спортската сала чинеше 495 200,00 сопствени средства.
Реконструкција на подиумот на записничката маса.
-Променето и поправено е дел од осветлувањето во салата во износ од 45 000,00 ден.
-Во овој период направен е проектот за промена на осветлувањето во спортската сала со лед осветилки. Проектот чинеше 30 000,00 ден.
Оспособено е осветлувањето на тениските игралишта.
-Направен е дел од кракот – исток кој досега не функционираше во филтерската станица во отворениот базен и поправка на компензационен базен во што беа вложени 170 000,00 ден сопствени средства.
Извршен е ископ за подземни води инвестиција во висина од 65 000,00 ден.
Овој ископ ќе се користи за наводнување на околината на базенот како и за полнење на истиот,со тоа ќе се намали потрошувачката на вода од градскиот водовод а со тоа и трошоците по овој основ кој изнесуваат повеќе од 2 000 000,00 денари во летната сезона.
Сите овие зафати во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ се со единствена цел да се подобрат условите за спортување на нашите екипи но и на екипите кои доаѓаат на подготовки во нашиот град.На таков начин го развиваме и спортскиот туризам и минатава година покажавме дека сме на добар пат.
На нашите терени не само што се развиваше екипниот спорт на екипи и поединци од Охрид се јавивме како организатори на Лига во мал фудбал и Турнир во баскет.
Преку зимските подготовки на фудбалските екипи од Македонија и соседството ние како претпријатие се насочивме кон тим билдингот како начин на поттикнување на луѓето за спортување.
Во Охрид го донесовме Балканското првенсто во тенис на доктори – љубители на тенисот. Од 26 до 31.08,2018 година гости во Охрид беа 500 доктори и нивните најблиски.
Во септември гости на ЈП „Билјанини Извори“ и Охрид преку тим билдинг беше позната светска ревизорска куќа Прајсватерхаускупер преку која во Охрид три дена беа 700 љубители на фудбалот од 26 европски земји и од Канада.
Во октомври во спортската сала за прв пат бевме домаќини на Европско првенство во мажоретки на кој учествува 800 мажоретки од Европа.
ЈП „Билјанини Извори“ не застанува тука, крајот на годинава ќе го крунисаме со уште неколку проекти и тоа:
Во спортската сала во декември ќе организираме Хуманитарен детски концерт именуван како ,,Новогодишна бајка“.
Во спортската сала за да ги олесниме кошаркарските тренинзи како и да си го заштитиме паркетот ќе поставиме висечки кошеви во вредност од 700 000 денари
Ние преку паркинзите дирекно сме во контакт со граѓаните, па затоа од граѓаните преку нас за најмилите ќе донираме потребни реквизити во вредност од 60 000,00 ден во Установата за дневен престој на деца „Јасна Ристеска“.
Ова е само најава за една поуспешна 2019 година во која граѓаните на град Охрид се надеваме ќе се гордеат со нас и со нашето претпријатие. – истакна Јованоска.