ЈП „Билјанини Извори“ стана дел од првиот приватен бизнис клуб во Македонија
ЈП „Билјанини Извори“ согласно стратегијата и визијата на менаџментот оваа година направи многу исчекори во насока на запознавање и комуникација со локалните и националните компании од Македонија. Размената на искуства во менаџирањето, комуникацијата со јавните претпријатија, понудата за користењето на спортската инфраструктура за синдикални игри и тим билдинг активности на мултинационалните компании, финансискиот бенефит се само дел од причините за проактивниот однос на ЈП „Билјанини Извори“ во соработката со многуте правни субјекти и групации.
Како резултат на тоа ЈП „Билјанини Извори“ стана дел од првиот приватен бизнис клуб во Македонија, Бизнис.еу.мк со повеќе од 400 компании членки и повеќе од 10000 уникатни посети дневно на нејзиниот веб портал.
ЈП „Билјанини Извори“ на ваков проактивен начин верува дека преку понудата на нејзините услуги и соработката со компаниите во иднина се повеќе и повеќе компании ќе се одлучуваат да бидат гости во Охрид и на таков начин да ги користат и другите ресурси во туризмот, угостителството на задоволство на сите нас.
Линк од промо страната на Бизнис.еу.мк