ЈП „Билјанини Извори“ започна со реконструкција на северното фудбалско игралиште
Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ продолжува со планираните активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува и која во овој случај е дел од Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“. Имено деновиве се започна со реконструкција на долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште и на истото се планира во наредните три недели да се завршат градежно-санациони активности како дел од првата фаза за комплетно уредување и адаптирање на игралиштето за потребите на многубројните фудбалски школи и фудбалски клубови.
Во првата фаза ќе се изврши нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева и дополнително заградување на фудбалскиот терен.
Доколку дозволат финансиските услови во претпијатието ќе се пристапи и кон втората фаза која ќе значи и комплетна санација и реконструкција на игралиштето, доколку не, претпијатието наредната пролет ќе го заокружи и овој проект кој е од особено значење за фудбалските школи и клубови.
ЈП „Билјанини Извори“ согласно планот и програмата за работа на претпријатието за 2022 година и во иднина ќе реализира или ќе превземи активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува.
WebOhrid / 26.04.2022 / ЈП „Билјанини Извори“