22/11/2024
Охрид

ЈП Колекторски систем: Лажно-загрижените во иднина добро да ги проверат информациите пред да одржуваат беспредметни прес-конференции

Јавното претпријатие „Колекторски систем“ – Скопје испрати реакција до медиумите во врска со прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Преку лицемерно изнесување на лаги и непроверени факти со кои сакаат да ја манипулираат јавноста, уште еднаш се покажа и докажа дека единствена цел на нивните смешни пресконференции е заработување ситни политички поени.

Недозволиво и дрско е да зборуваат на било каква тема за заштита на Охридското Езеро, кога во текот на нивното претходно владеење и на локално и на централно ниво не направија НИШТО за заштита на нашето најголемо природно богатство

Посебно не смеат да си дозволат да зборуваат за формирањето и досегашното работење на ЈПКолекторски систем“, бидејќи од неговото формирање до денес, одговорно тврдам дека се реализирани многу значајни активности за рехабилитација на дел од цевководот, кој беше во катастрофална состојба и дека се надминати многу големи проблеми на најкритичните точки од мрежата. До сега е направено многу, а во иднина ќе бидат реализирани уште многу важни активности, кои значително ќе придонесат за заштита на езерската вода.

Навистина не ми е јасно, како зборуваат за двојно покачени цени за периодот од 2017 до 2021 година, а притоа да не го споменe најзначајниот факт, дека цените кои се поставени согласно решението на Регулаторната комисија за енергетика во 2017 година се токму тие цени, кои нивните власти и ангажирани стручни служби го побарале, односно го доставиле во согласност со Бизнис планот за регулиран период од 2017 до 2020 година, своерачно потпишан од страна на тогашниот градоначалник Никола Бакрачески.

Иако им е добро познато, важно е да ги потсетиме дека Указот за прогласување на Законот за уредување на цени за водни услуги е донесен исто така додека тие беа на власт. Истиот е објавен во Службен весник 7 од 18.01.2016 година и е потпишан од тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Нејасни се обвинувањата за нови вработувања во ЈПКолекторски систем“, па затоа мора да појасниме дека, согласно поделбата на МЈППроаквакоја за волја на вистината, на три пати беше едногласно изгласана во Советот на Општина Охрид, вклучувајќи ги тука и советниците на ВМРОДПМНЕ. Ние како ЈП презедовме 64 вработени кои беа распоредени во Работната единицаКолекторво склоп на МЈППроаква“, а во моментот броиме 62 вработени. Затоа, еве јавно ги прашуваме, каде се новите вработувања за кои зборуваат?

Посочуваат дека сме имале непродуктивни трошоци, точно така. Како неисплатени обврски спрема Работна единицаКолекторсе преземени преку 250 милиони денари, кои се направени во периодот додека тие раководеа со јавните претпријатија.

Споменуваат извештаи од вонредни инспекциски контроли кои сакајќи да излезат во нивна корист, истите ги извитеперуваат. Нажалост истите се пристигнати и кај нас и просто несфатливо е како си земаат за право да ги толкуваат само на нив познат начин.

За сето ова што  го изнесуваме пред јавноста постојат докази, кои сеуште стојат во архивите на претпријатијата и слободно можат да се проверат

Упатуваме совет до лажнозагрижените, во иднина, пред да одржуваат беспредметни пресконференции, добро да ги проверат информациите.

Ние како ЈП, како и до сега ќе продолжиме да работиме одговорно и посветено на нашите основни работни задачи и да реализираме активности за рехабилитација и одржување на Колекторскиот систем.“ – стои во реакцијата од в.д. директорот на  ЈП Колекторски систем – Скопје, Владимир Алексијоски.