ЈП „Охридски Комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота
Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.
Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.
https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Komunalec_higiena_28072022007.mp4?_=4
https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Komunalec_higiena_28072022006.mp4?_=5
WebOhrid / 28.07.2022 / Општина Охрид