ЈП „Охридски Комуналец“ го одбележа патрониот празник
Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денеска, свечено го одбележа патрониот празник, 7. Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид. На свеченоста, на која присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски, за успешното работење на претпријатието и идните задачи говореше в.д. директорот Александар Китески.
Градоначалникот Јован Стојаноски им се заблагодари на вработените и раководството за посветената работа во одржувањето на јавната чистота и другите комунални активности во градот и приградските населби, а на двајца вработени за поминати триесет години во претпријатието им врачи награди.