ЈП Водовод започна со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „АСНОМ“
Јавното претпријатие Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „АСНОМ“.
„Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф160 мм во должина од 80 метри.“ – информираат од ЈП Водовод Охрид.
WebOhrid / 20.02.2024 / ЈП Водовод Охрид