Јубилеј 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија
Дебарско-кичевската епархија ги информира сите верници дека на 27 мај (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Вечерта по повод јубилејот 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија:
- 17:00 ч. Молебен во манастирот св.Климент и св.Пантелејмон – Плаошник
- 18:30ч. во св.Софија свечена Академија на која свое обраќање ќе имат: Н.Б.Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, Н.В. Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј, Претседателот на Р.Македонија г.Ѓорге Иванов,и претседателот на Владата на Р.Македонија г.Зоран Заев.
- 19:15ч. Концерт на Македонската Филхармонија придружувана од хоровите на Бигорската обител.
- мај (понеделник), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија во катедралниот храм „Св.Софија“ -Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со членовите на Светиот Архиерејски синод.
На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св.Софија“ – Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој голем и многу значаен јубилеј, 1000 годишнина од основањето на Охридската Архиепископија.