Јубилејните „Поточиња 2018“ доаѓаат на гости во Охрид
Најмили дечиња, љубители на најдобрите детски хитови, и оваа година ќе имате можност повторно да сте дел од роденденското 15 годишно јубилејно издание на реномираниот фестивал „ПОТОЧИЊА 2018“.
По премиерното издание во Скопје, ѕвездичките од „ПОТОЧИЊА 2018“ ќе заблескаат во нашиот град. Со ова музичко патување и доживување ќе го означиме успешно крајот на оваа учебна година. Настанот ќе се одржи на 18 Мај (Петок) во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 11 часот.
Влезниците се по цена од 100 денари. Организатор на настанот е ПАП Продукција од Скопје.
Се гледаме на журка!!!