ЈУНП „Галичица“ е посветена на гасењето на пожарите и истите активно деноноќно се следат
Јавната Установа Национален парк Галичица известува дека моментално е посветена на гасењето на пожарите и активно деноноќно истите се следат.
„Со надчовечки сили и непроспиени ноќи нашите вработени од НП Галичица заедно со ТППЕ Охрид, ТППЕ Ресен, МВР, Планинарската спасителна служба при Црвен крст Охрид , Планинарски клуб Патагонија, ДЗС Охрид, Ресен и Неготино,ЦУК, Општина Охрид, резерват Езерани, невладини организации, планинари и доброволци од Охрид и Ресен, се обидуваат да воспостават контрола врз пожарот на Галичица.
Воедно упатуваме искрена благодарност до сите кои несебично даваат сè од себе сите овие денови и замолуваме за трпение додека ситуацијата не биде стабилна.“ – стои во соопштението од ЈУНП „Галичица“.
После завршување на оваа огнена стихија Установата ќе се произнесе до јавноста со целосен извештај.
WebOhrid / 17.08.2024 / ЈУНП „Галичица“