ЈЗУ Свети Еразмо доби видео сет за интубација
Центарот за развој на Југозападен плански регион на ЈЗУ специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо – Охрид во рамки на проектот “Опремување на современ центар за физкална терапија во болнцата Св.Еразмо“ му предаде опрема – видео сет за интубација.
Преку оваа опрема ЈЗУ Св. Еразмо – Охрид ќе има:
- Подобра визуелизација и поголема прецизност – Видео сетот овозможува јасен и зголемен приказ на дишните патишта, што значително ја зголемува точноста при поставувањето на ендотрахеалниот тубус.
- Безбедност на пациентите – Со минимизирање на ризикот од повреди и компликации, видео сетот помага во заштита на пациентите, особено кај оние со тешки анатомски предизвици.
- Побрза и поефикасна интубација – Во итни ситуации секоја секунда е важна. Видео сетот овозможува побрзо поставување на тубусот, што е клучно во критични моменти.
Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, додека финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација / Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 1.852.364,00 мкд.
WebOhrid / 14.02.2025 / ЈЗУ Св.Еразмо Охрид