Кај охриѓанец полициски службеници пронашле дрога и одзеле пиштол
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(57) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
При претрес, извршен со судска наредба во неговиот дом на 23.04.2021, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „CZ VZOR 50“, пет куршуми калибар 7,65 милиметри, смола од хашиш и марихуана.