Кај жител од Долно Средорече пронајдени и одземени воздушна пушка и куршуми
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.С.(40) од охридското село Долно Средорече.
На 03-ти овој месец, врз основа на писмена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот и помошни простории кај пријавениот. Притоа, полициските инспектори пронајдоа и одзедоа една воздушна пушка непозната марка како и 21 куршум различен калибар. Предметите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.