Кај жител од струшко Октиси пронајдена дрога
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица во Струга, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.Р.(34) од струшкото село Октиси.
При извршен претрес во неговиот дом, во дворот пронајдени и одземени се саксии со стебла од растителниот род Cannabis како и дрога марихуана.