Како да се заштитите од семејно насилство? Каде да побарате помош?
Семејното насилство е кривично дело. Секој има право да го живее сопствениот живот безбедно и во согласност со своите потреби.
Жртвите на семејно насилство, но и сите граѓани кои се сведоци или имаат сознанија за насилство, потребно е да го пријават истото на СОС линиите, најблиската полициска станица, центарот за социјална работа, здравствена установа, за да можат стручните лица да постапат и да ги заштитат од сторителите на семејното насилство.
Пријавете насилство на 192, 02/15-315, 02/15-700, 070 141 700, 075 141 700
Проследете го информативното видео кое е дел од кампањата на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Кампањата е со цел превенција и заштита од семејно насилство во време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19, преку која жртвите на семејно насилство но и целата јавност се информираат за препознавање на сите формите на семејно насилство, каде да се обратат и пријават за помош и кои се постоечките сервиси за заштита на жртвите на семејно насилство.