Калачоски: Рамномерен развој во сите урбани и месни заедници
СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Охрид“ денес одржа прес-конференција на која се обрати кандидатот за советник, Наум Калачоски.
„Овозможуваме инфраструктура за сите граѓани и до сега реализиравме низа проекти во сите села и населби.
Иградивме нов асфалтен пат од село Велгошти до црквата „Свети Никола“, нови пречистителни станици за вода за пиење во Љубаништа и Трпејца и нови резервоари за вода во Коњско и Подмоље.
Асфалтиравме улици во селата Лескоец, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Велгошти, Шипокно, Лакочереј и Коњско, како и краци на улиците „Момчило Јорданоски“, „8-ми Март“, „Прилепска“, „Српница“, „Радојца Новичиќ“, „Богомилска“, „Славеј Планина“, „Ристо Чадо“ и во населбите „Исток“, „Рача“ и „Елешец“. Изградивме потпорни ѕидови во Стар град, Вапила и Елшани. Инвестирано е во нови водоводни линии, фекална и атмосферска канализација.
Во претстојниот четиригодишен мандат продолжуваме со рамномерен развој во сите урбани и месни заедници. Ги мотивираме и ангажираме урбаните и месните одбори за поголема активност. Воведуваме задолжителни состаноци и консултации со цел да ги поттикнеме граѓаните да учествуваат во донесувањето одлуки и избирањето на приоритени проекти.
Во секоја месна и урбана заедница
Градиме приоритетна инфраструктура: улици, канализација, водовод
Градиме малски плоштади и паркови со содржини за дружба и забава
Градиме детски и спортски игралишта и ги реконстуираме постојните
Воведуваме комунален ред, хортикултурно уредување и ново осветлување
Го продолжуваме и унапредуваме проектот „Ваш реонски општинар“ со кој Локалната власт се доближува до граѓаните со цел да се овозможи на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на оштината.
За нас секој граѓанин е подеднакво важен и секој заслужува да живее во уредена средина. Имаме реален план и конкретни проекти со кои го носиме најдоброто за нашиот град и сите населени места. Затоа на 17октомври направете го вистинскиот избор.
Заокружете го бројот 12 и гласајте за градоначалникот Константин Георгиески и коалицијата “Најдоброто за мојата општина”.“ – истакна Калачоски.