Календарски започнува зимата
Официјално од денес во 10:20 часот настапи зимската краткодневица на северната полутопка, со што календарски започна зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почна летото.
На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.
Зимата ќе трае до 20 март 2025 година кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.
Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 km/h) и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат.