Кампањата „Биди херој на чесноста“ во Охрид
Охридските основни училишта „Братство Единство“ и „Живко Чинго“, денеска се вклучија во кампањата за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“.
Кампањата е предводена од Државната комисија за спречување на корупцијата, а е дел од Активноста за антикорупција и интегритет, спроведена од Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје, со финансиска поддршка обезбедена од УСАИД.
Пред присутните ученици се обрати претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, која ја истакна важноста на едукацијата на учениците за корупцијата уште од најмала возраст. Актерот Игор Ангелов, преку дијалог и интеракција, ги вклучи учениците во приказната за борба против оваа штетна појава.
На настанот беа доделени и награди за ликовни и литературни творби, на теми поврзани со борбата против корупцијата.
WebOhrid / 20.11.2023