23/11/2024
Македонија

Кампања „Не оставајте вредни предмети во Вашиот автомобил“

СВР Скопје Одделението превенција, на 28.12.2017 година со почеток во 12 часот на ул.Народен фронтпред ТЦ Беверли Хилс во соработка со Општина Центар започнува со реализација на кампања по проектот „Не оставајте вредни предмети во Вашиот автомобил“.

Основна цел на проектот е превентивно делување и намалување на бројот на тешки кражби во патнички моторни возила на подрачјето на град Скопје како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу возачите и полицијата.

Активностите ќе се реализират во текот и за време на предновогодишните и божиќните празници на тој начин што УПС од локалната полициска станици по однапред направена проценка за најчести места на извршување на кражби од ПМВ ќе поделат едукативен материјал до возачите со порака да не оставаат вредни предмети во своето патничко моторно возило.

Оваа година Општина Центар е поддржувач и партнер за реализација на оваа кампања.