22/11/2024
МакедонијаРегион/Свет

Каракачанов со сочувство за трагедијата со македонскиот автобус: Ние сме браќа и болката ни е заедничка

Лидерот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, истпрати писмо со сочувство за трагедијата со македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија.

„Застрашувачко, тешко и нејасно. Не можам да најдам зборови да ја искажам тагата и болката за страшната сообраќајка на автопатот Струма пред неколку часа. 45 луѓе, меѓу кои и малолетници, го напуштија овој свет на суров начин. Наши браќа и сестри од Македонија.

Како човек и како лидер на ВМРО повикувам на смирение, емпатија и единство за да ја надминеме нашата тага.

Бог да ги прости! – вака лидерот на ВМРО Красимир Каракачанов ја изрази својата тага за трагичниот инцидент со македонскиот автобус на автопатот Струма.

Каракачанов изразува искрено сочувство до роднините на загинатите и до цела Македонија.