23/11/2024
Спорт

Каратистите се враќаат со девет злата од Монтекатини

Македонската репрезентација во традиционално карате на Обединетиот светски карате шампионат во Монтекатини, Италија постигна историски резултат освојуваќи вкупно 14 медали од кои: 9 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.

Резултати-сениори: 1. место во кати екипно-сениори (Дејан Недев, Аљоша Недев и Матеј Ангеловски), 1. место во кого-кумите и фукуго-сениори Матеј Ангеловски, 3. место во кати поединечно Дејан Недев, 3 место во ен-бу м/м (А. Недев и М. Ангеловски).

Резултати-јуниори: 1. место кати екипно-јуниорки (М. Саздова, Б. Милевска и Ј. Милевска), 1. место ен-бу м/ж (О. Тасевски и М. Саздова), 2. место во кого-кумите Берта Милевска.

Резултати-кадети: 1. место кати екипно-кадетки (А. Белазелкоска, Ј. Дробниќ и Ј. Милевска), 1. место фукуго-кадетки Јелена Дробниќ, 1. место во кати и кого кумите поединечно Мила Саздова, 3. место во фукуго-кадетки Мила Саздова и 3. место во кого-кумите Јана Милевска.

На СШ учествуваа над 1000 натпреварувачи од 47 земји.