Католички Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ (понеделник), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божиќ.