Kазнети 46 возачи на мотори во Скопје
Во периодот од 18.30 часот на 24.08.2019 до 01.30 часот на 25.08.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.
При контролата санкционирани се 46 возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози.
Исто така, откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.