Казнети „диви тркачи“ во Скопје, одземени мотоцикли
Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 19/20.07.2020 во периодот од 18.00 до 02.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 12возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а привремено биле одземени три мотоцикли.