22/11/2024
Македонија

Казни за брзо возење во Скопје

Во периодот од 14.00 до 20.00 часот на 14.07.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење. Притоа, сторени се вкупно 92 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, а откриени се и 34 останати прекршоци при што издадени се 28 прекршочни платни налози и шест мандатни платни налози.