Ќе се чисти и ќе се уредуваат дрвјата во „Мазија“
Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ од утре ќе започнат со расчистување на џбунеста вегетација (трње, диви капини и др.) во паркот „Мазија“. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ во истиот парк на четири врби ќе извршат кастрење и уредување на крошните, додека други четири врби ќе бидат целосно отстранети, бидејќи се болни и потполно исушени и не постои можност за успешно санирање. Истите претставуваат опасност по животот на граѓаните.
Се апелира до еколошките друштва доколку имаат дилеми околу состојбата на четирите врби кои треба да се отстранат, да присуствуваат на акцијата за отстранување се со цел за надминување на недоразбирањата кои би се јавиле подоцна.