Ќе се дискутира за предлог буџетот и предлог годишните програми за општина Дебрца 2020 година
Тргнувајќи од нашата заложба да обезбедиме ефикасна граѓанска партиципација во процесот на креирањето на локалните политики и да го зголемиме непосредното учество на граѓаните во носење на одлуките на локално ниво и во контрола на спроведувањето на усвоените политики и одлуки градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески ги поканува сите претставници на месните заедници, црковните одбори, спортски клубови, НВО, здруженија и заинтересираната јавност на работна средба на која преку транспарентен и интерактивен пристап ќе се дискутира за предлог буџетот и предлог годишните програми за општина Дебрца 2020 година, информираат од Локалната самоуправа Дебрца.
Работната средба ќе се одржи на ден 25/12/2019 со почеток во 11:00 часот, во салата за седници на советот на општина Дебрца во с.Белчишта.