Ќе се одбележат 17 години од масакрот кај Вејце и во Слатино
Во сабота, на 28 Април, согласно Годишната програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2018 година, ќе се одбележат 17 години од масакрот кај Вејце, кој се случи на 28 април 2001 година и во кој во заседа и ѕверски беа убиени осуммина припадници на одбранбените сили на РМ, меѓу кои и припадникот на специјалната единица „Волци”, водникот Игор Костески.
Одбележувањето на годишнината ќе биде пред неговото спомен обележје во село Слатино, со почеток во 11:00 часот.
ПРОГРАМА
1.Полагање на свежо цвеќе на спомен обележјето;
2.Обраќање на Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески;
3.Животниот пат на Игор Костески и неговата погибија кај Вејце;
4.„Смртта ме гушна” – делови од неговата поезија ќе рецитираат ученици од ОУ „Дeбрца“-Белчишта