Ќе се одржи работилница за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи
Македонското здружение на правници Скопје во Соработка со Црвен крст Охрид, а во рамки на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ финансиран од Европската Унија, денес (25.12.2018) од 19:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид ќе одржи работилница за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи.
Мобилни тимови на искусни адвокати и правници преку користење на проактивен метод на идентификација, информирање и правно советување на лица чиј пристап до правната помош е отежнат, ќе обезбедат директна правна помош на поединци и семејства во социјален ризик.
Целта е да се зајакне пристапот до правдата на најранливите категории на граѓани со што ќе се придонесе кон правно зајакнување, подобрување на законодавството и имплементација на постоечките механизми кои се однесуваат на пристапот до правда.