23/11/2024
Охрид

Ќе се реконструира старото училиште „Св.Кирил и Методиј“

По повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, градоначалникот Јован Стојаноски присуствуваше на панихидата  и фолклорниот концерт на КУД „Гердан“ што по повод празникот се одржаа претпладнево  во Домот за култура во населбата  Kошишта.

На празничниот ден градоначалникот Стојаноски на задоволство на охриѓани  најави почеток на  реализација на значаен проект ,реновирање  на старото училиште односно Д0омот за култура „Св. Кирил и Методиј“.

Според програмата на локалната самоуправа конечно овој дом ќе се реновира. Постапките се при крај само треба да се среди постапката за впишување на овој дом во имотниот лист. Очекуваме домот да прерасне во убаво уредено катче кое ќе го користат не само жителите на населеното место „Кошишта“ туку и сите оние коишто гравитираат на овој простор од Охрид,значи и жителите од Воска и Лескајца. Секако  и локалната самоуправа ќе го  користи овој дом за  средби со Охриѓани и за работни состаноци – изјави градоначалникот Стојаноски.

 Градоначалникот Стојаноски ги покани сите Охриѓани  и гости од земјава и странство  вечерва да присуствуваат на концертот на Горан Трајкоски што ќе се одржи на  плоштадот Св. Климент Охридски“ со почеток во 20:30 часот. Концертот е дел од празничната програма на општината.