Ќе се санира мостот во Климештани
Ќе се санира мостот на реката Сатеска на влезот во селото Климештани.
Во договорот помеѓу Општина Дебрца, концесионерот со каменоломот во Климештани и месното население, предвидена е санација на мостот, со што би се подобрила неговата фукционалност.
Се е подготвено, коритото на реката е стеснато на самото место, а донесени се камења и бетонски блокови. Санацијата ќе ја врши концесионерот со каменоломот Нефи ИК, а се чека само уште да се намали нивото на вода во реката Сатеска.
WebOhrid