Ќе се служат свети литургии за претстојните празници
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 17. Декември (недела) 2017 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преп. Нектариј Битолски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
18. декември (понеделник) 2017 година со почеток во 8:45 ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
На 19. Декември (вторник) во црквата Св. Никола Геракомија – Варош – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.