Ќе се служи света литургија за празникот Св.свештеномаченик Харалампиј
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 23 февруари 2019 година (сабота), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.свешт-мч. Харалампиј“ со почеток во 8:45 часот. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.