„Кец во двојка“ пораз за Шкендија
Тимот на Шкендија претрпе пораз со 1:2 од Дуделанж во натпреварот од квалификациите за Лигата Европа. Шкендија поведе уште во 7-мата минута со гол од пенал кој го постигна Ибраими, резултат со кој се замина на полувреме.
И Шкендија и Дуделанж не прикажаа којзнае каква игра, но двете катастрофални грешки кои ги направи голманот на Шкендија му дозволија на противникот не само да изедначи во 64 минута преку Бетаиеб, туку и да направи целосен „кец во двојка“ пресврт со голот на Синани од пенал во 68-мата минута.
На крајот Дуделанж успеа на овој натпревар да ја совлада Шкендија со предност ќе влезе во реваншот кој ќе се игра за 7 дена во Луксембург.
Комисиите на УЕФА сигурно нема туку-така да го заборават овој резултат. Дали „наивните“ грешки на голманот Реџепи беа случајни или намерни, останува да видиме во наредниот период. Поради слични вакви навидум наместени резултати, многу светски познати клубови беа дисквалификувани во минатото.
WebOhrid