Кичевчанец повреден откако паднал од работна машина
На 19.08.2018 година во 20,30 часот во Кичево на улица .„Амит Челопечанец“, А.Љ.(75) од Кичево, управувајќи работна машина „БОБ кет“, која влечела приколка со кичевски регистарски ознаки натоварена со дрва, во еден момент од приколката на коловозот паднал М.Р.(52) од Кичево.
По незгодата, М.Р. е префрлен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е испратен во Болница„Свети Еразмо Охрид“.